Натпросечен водостојот на реката Пчиња

Последните мерења, направени утринава на мерната станица во атарот на село Пелинце, покажуваат дека водостојот на реката Пчиња е над просек. Нивото на водата на Пчиња во 7.30 ова утро изнесува 72 сантиметри, додека просекот на месец февруари е 59.

Последователно се забележува и благ тренд на раст споредбено со мерењата направени во текот на изминатиот ден и тоа за два сантиметри.

Коментари

коментар(и)