Најмалите во посета на домот за стари лица

Со рачно изработена честитка дечињата од градинката „Ангел  Шајче “ денеска на корисничките на услугите на домот за стари лица „Зафир Сајто“  им го честитаа претстојниот празник на жената, 8-ми  март . Овој убав гест од најмладите предизвика бура од емоции кај повозрасните жени, радост, насмевки, тага, солзи.

-Дојдени се децата да им го разубават денот со нивна изведба од песнички, игри. Корисничките се секогаш воодушевени од нивните изведби особено од најмалите, тие со голема радост го очекуваат секој нивен настап, со солзи на во очите, се потсетуваат на нивните деца, на нивните внуци, правнуци, и се среќни што некој и на нив помислил , покртај нивните деца, семејствата. Малите деца од градинките им подаруваат честитки изработени од нивните рачиња и им го честитаат празникот, изјави Лили Тошиќ социјален работник

Во домот за стари лица престојуваат два пати повеќе жени споредбено со бројот на мажите.

-Од вкупно 150 штитеници , 104 се жени. Отсекогаш сме имале повеќе жени за разлика од мажи,а има корисници од сите општини, но повеќето од источниот и скопскиот регион, изјави Лили Тошиќ,  социјален работник

Посетата на домот за стари лица по повод 8-ми  март е традиционална активност  што ја практикуваат  сите шест објекти на градинката Ангел Шајче.

Коментари

коментар(и)