На ГП Табановце приведен 23-годишен скопјанец

– На 25.03.2022 во 01.50  часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода И.М.(23) од Скопје, затоа што при пасошка контрола било утврдено дека во службената евиденција е на стоп-листата, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „разбојништво“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил предаден  на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Коментари

коментар(и)