ВИДЕО: На лекарите местото им е во ординација, не во политиката

На лекарите местото им е во ординација со пациентите, не во политиката, смета невропсихијатарот Мице Дудучки. Вели, ова е последица на опаднатото ниво на образование, па како иден пензионер, стравувам кој и како ќе не лекува.

Не сум поборник за тоа лекарите да седат во пратенички или советнички клупи.  Исклучок е за министер или заменик министер. На лекарите местото им е во ординација со пациентите, истакна при гостувањето во емисијата „СТАВ“ на ТВ Плус, добропознатиот невропсихијатар Мице Дудучки.

-Ми се чини дека тие како професионалци добар дел се промашени, па некој излез, решение, бараат во некаква фиктивна позиција, или фиктивна политичка моќ. Сум се образувал во западните земји, сум живеел во Франција, Италија, Канада, такво нешто не сум видел. Ова е изгледа специфично за Балканот, а особено за ова мало парче земја-вели Дудучки.

Според Дудучки, нивото на образование, знаење, способности со години опаѓа. Вели реформи се потребни, но не и експериментални модели, кембриџ методи, кои не се применливи во нашата средина. Укажува дека како граѓанин, и иден пензионер, стравува кој и како ќе не лекува.

-Ако во секое село направивте „универзитет“, дали тогаш ќе имаме адекватни, стручни професионални лица со солидно знаење. Реформи во образованието се потребни, но јас велам вратите го југословенскиот систем на образование и ќе имате солидни професионалци во сите области. Тврдам дека од тие селски универзитет со стекнати дипломи и титули магистри на науки, не можат со знаење стручност да се фатат во костец со оние кои беа во средни училишта  дали е економско, техничко, трговско. Ако отворите медицински факултет во Штип и Тетово, каде има асистенти, каде има институти, доценти, вонредни, редовни професори-нагласи тој.

Според него онлајн преку компјутери не може да се учи медицина. Нагласува дека општествената клима не одговара, па за жал се повеќе млади, образовани луѓе, заминуваат во западните земји.

 

Коментари

коментар(и)