На ниво на земјава санкционирани 290 возачи

Во рамки на засилената акциска контрола на територијата на земјава за санкционирање на возила што се движат со брзина поголема од дозволената, вчера санкционирани се 292 возачи. Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 131 возило ја пречекориле брзината во населено место, а 161 надвор од населено место. За време на акциската контрола санкционирани биле и 158 други видови прекршоци, информира полицијата.

Коментари

коментар(и)