На повеќе локации се фрлаше Светиот крст

Дваесет и шест годишниот Никола Златановски беше најбрз и најсреќен од повеќето верници кои што на Водици скокнаа по Светиот крст во базенот на Соборниот храм „Свети Никола“. Златановски кој што неколку пати досега учествува на традиционалната манифестација очекува крстот да мy донесе среќа и професионални успеси, а пред се здравје нему и на неговото семејство.

– Господ здравје нека дава на сите граѓани на Република Македонија и да бидат живи и здрави. Оние кои не скокале да се охрабрат, еве гледаат дека се е во ред, традицијата нека продолжи, младит нека скокаат, тие треба да ја градат државата, изјави Никола Златановски,

Уште еден Никола, но овојпат Трајановски , шеснаесетгодишен,  беше набрзиот пливач по крстот во градскиот затворен  базен .

– Минатата година за малку, но сега успеав. Очекувам годинава повеќе среќа, бериќет и здравје, за сите, рече Трајановски.

Трката по крстот на затворениот базен ја организираа трите пливачки клубови во градов во соработка со Кумановско-осоговската епархија и локалната самоуправа.

Во Општина Старо Нагоричане Светиот крст се фрлаше во водите на реката Пчиња на мостот во селото Драгоманце .

Сашо Серафимовиќ од Старо Нагоричане, беше насреќен меѓу дваесетмината кои што скокаа по крстот.

Коментари

коментар(и)