Недостиг на ленти за проверка на гликемија

Во кумановската амбуланта за дијабет речиси еден месец има недостиг на   дијабетски помагала односно ленти за проверка на шеќерот во крвта.  Дијабетичарите и денеска си заминаа со празни раце. Ленти се уште не се набавени.

-Моето дете кое се боцка 4 пати дневно , тоа зависи и од ленти и од инсулин и од игли, меѓутоа еве како што кажав последниов месец дена ни рекоа пред еден месец дека треба да добиеме нови апарати, нови ленти и слично меѓутоа се уште нема ништо од тоа, изјави  Никица Кипријановски, родител на дете со дијабетес

Десетгодишното дете на семејството Кипријановски прима одреден тип на инсулин кој што не може да се најде во аптеките па доаѓаат во ситуација да купуваат и нови апаратчиња  за друг вид ленти, а сето тоа  финансиски ги оптоварува.

 Дијабетичарите апелираат што побрзо да се реши проблемот со недостиг на лентите за мерење гликемија.

-Последниот инсулин  што го земав е на 05 ноември со ветување дека на 5 декември ќе добијам, па на 10, па денеска веќе цел месец е изминат, изјави Стефан Јовановски, дијабетичар

-Нема инсулин, кажава дека уште нема добиено ниту апарати ниту инсулин, нема резерва даваат по две пенкала вообичаено  и на крај на месецот  недостасува , изјави Момир Арсовски, дијабетичар

Надлежните во општата болница признаваат дека последниве недели има недостиг на дијабетски помагала, но, како што вели директорот Ариф Љатифи , набавката на инсулинската терапија ја врши министерството за здравство  кое во соработка со амбулантата за дијабет ја врши испораката на потребните количини согласно потребите на лицата со дијабетес.

Коментари

коментар(и)