Недостиг на ученици во училиштата

Од предвидените 2.600 средношколци со објавениот конкурс од министерството за образование и наука досега во средните училишта во Куманово  се запишани само 1.260  ученици. Оваа бројка значи дека недостасуваат половина од деветоодделенците кои што треба да го продолжат образованието во новата учебна година.Тоа пак од друга страна значи дека може да се  загрози работниот однос на одреден борј наставници во училиштата, посочуваат од секторот за образование.

– Oваа половична бројка што е запишана доведува во прашање опстанок на голем број паралелки и загрозување на работниот однос на наставниот кадар кој е на определено , за жал таа тенденција не се подобрува , сега за сега е на некое исто ниво но ќе треба некои позначајни реформски зафати од надлежните државни органи во оваа насока , ова не е само во куманово, ова е и во остаантите гардовби да се бара едно соодветно решение во однос на намалување на ученици во паралелеките за да може да се обезбеди и подобар  воспитно -образовен процес и поинтерактивна настава со самите ученици и да ги заштитиме сите оние кои стекнале образование, работат,  а сега се доведени во една состојба која за жал од година во година е се понезавидна, изјави Жика Крстевски, Сектор за образование

За учениците кои што недостасуваат треба да се погрижи и да преземе соодветни мерки државниот просветен инспекторат ,  вели раководителот на секторот за образование Крстевски, имајќи предвид дека основното и средното образование се задолжителни.

– Треба дефинивно да се направи попис во државата и да се констатира колку жители има фактички во Македонија, по тоа и во општината. Ние располагаме со податоци кои се веќе застарени, а живееме во едно многу турбулентно време кога имаме миграција, се и сешто што влијае на намалување на бројот на населението. Ние оние списоци што ги кажав за прво оддеелние и податоците за завршените деветооодделенци тоа се податоци врз основа на кои ги правиме овие анализи ги даваме овие информации, изјави Крстевски.

Надлежните информираат дека по завршувањето на уписниот рок училиштата се должни да го известат државниот просветен инспекторат  за сите оние ученици  кои што не се запишале во прво одделение или во средно училиште , а потоа инспекторатот треба да преземе соодветни мерки за да  тие лица кои што недостасуваат ги вклучат во воспитно образовниот процес .

Коментари

коментар(и)