(ВИДЕО) Незначително намален бројот на првачиња во Куманово

Во новата учебна година во прво одделение во 16-те основни училишта треба да тргнат 1.187 ученици, соопштија денеска надлежните од Секторот за образование од Oпштина Куманово. Досега запишани се вкупно 921 ученик, вели новиот раководител Александар Јовановиќ, но конечната бројка на запишани првачиња ќе се знае на почетокот на учебната година.

Она што е за истакнување е дека и оваа година се бележи благ пад на упис на учениците, бројката е мала, според статистиката, падот е резултат на падот на наталитетот, кој од година в година е се помал и миграцијата на населението од општината во западноевропските развиени земји. Министерството оваа година стартуваше со апликација која можеа родителите да ја пополнат за да не одат со физичко присуство во училиштата. Училиштата ја пријавија оваа бројка меѓутоа очекуваат дел од родителите кои се моментално на привремена работа, дел од родителите кои што не се информирани да се заврши уписот за да се стартува учебната година од први септември, изјави Александар Јовановиќ, раководител на Сектор за образоавние во Општина Куманово

Родителите, посочува Јовановиќ, главно ја почитуваат реонизацијата при упис на учениците во основните училишта, иако, има одреден број кои поради свои причини ги запишуваат децата во други училишта.

– Реонизацијата е воведена согласно новиот закон кој стартуваше минатата година, генерално се почитува т.е. родителот доколку има намера или променета адреса на живеење мора да се обрати до своето реонско училиште каде што мора да добие согласност дека тоа училиште дозволува да биде запишано во другиот реон и тогаш училиштето кое го прима ученикот, а пред се тоа училиште кое прима ученици мора да има слободни места и да издаде согласност дека има слободни места за упис во училиштето, така што тоа се работи интерно помеѓу родителите и училиштата нормално со одредена причина, а причината е промена на адреса на живеење надвор од реонското училиште, изјави Јовановиќ.

Како и претходните години, освен за централните градски училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ , голем интерес за запишување на првачињата има и за  „Кочо Рацин“, „Христијан Карпош“, „Магдалена Антова“ посочува раководителот.  Инаку, согласно новиот закон, бројката на учениците во една паралелка може да се движи од 20 до 30, а доколку училиштетото сака да запише помалку од 20 ученици во паралелка, за тоа  треба да побара согласност од основачот, односно од Советот на Општина Куманово, потенцира Јовановиќ.

Коментари

коментар(и)