Неизвесно е покачувањето на цената за вода во Куманово

Неизвесно е зголемувањето на цената за вода во Куманово за 4 денари по кубик, смета директорот на јавното претпријатие Водовод. Тој додава дека утвредената цена на Регулаторната комисија на Република Македонија укажува дека ќе има покачување во разликата од износот 6,7 денари сирова вода која ја фактурирало Кумановско липковско поле во 2016 година, бидејќи таа е земена како репер и 2,3 денари која Водовод ја наплаќа кон граѓаните.

-Од страна на ЈП Водовод се преземени буквално сите законски мерки за да не дојде до вакво нешто. На 14-ти декември минатата година е поведен спор пред Управен суд на РМ за утврдување на цена на сирова вода исто така е испратена иницијатива до Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, Министерство за животна средина и просторно планирање, регулаторна комисија и Здружение на комунални претпријатија во Македонија се со цел цената на сирова вода биде уште пониска за да има основа за покренување на нова постапка за утврдување на нова цена за вода која нема да биде зголемена-истакна Горан Стојковски, директор на Водовод.

Стојковски објасни дека согласно законот за тарифа на водни услуги јавното претпријатие мора во рок од 20 дена откако ја има добиено цената од комисијата, да утврди конечна цена и да ја достави до одобрување до општина Куманово, која пак има рок од 45 дена да поведе постапка за утврдување, и доколку не поведе постапка во рок од 150 дена од денот кога е издадено решението, регулаторна сама ќе донесе цена за вода.  Покачувањето е зависно од тоа дали ќе се прифатат аругментите кои се наведени до управен суд и иницијативата што е покрената до надлежните министерства.

-Ова е нешто што го зборуваме повеќе од 4 години, дека цена на сирова вода што е утврдено од Водостопанство кумановско липковско поле во претходниот период не е утврдена врз основа на некоја методологија и врз основа на некои операции туку единствено врз желба која поттекнува од фрустрација и комплекс на претходното раководство, кое со години се обидуваа да направат незадоволство кај граѓаните на Куманово и да покаже дека и локалната самоуправа е неспособна и ЈП Водовод не е во можност да ги извршува своите должности-нагласи тој.

Според Стојковски нелогично е регулаторната комисија да ја утврдува просечната цена на водата, минималниот или максимален опсег, а конечната да ја утврдуваат советите на општините, бидејќи се навлегува во ингеренциите на локалната самоуправа.

 

Коментари

коментар(и)