Нема новозаболени кумановци од коронавирусот

Не се регистрирани нови случаи на заболени од коронавирусот на подрачјето на Општина Куманово во изминатото деноноќие, а на ниво на државата потврдени се нови 16 случаи од направените 314 тестирања.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти од Скопје и  Тетово, но и тројца починати како последица на компликации од вирусот ковид-19.  

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.014, бројката на оздравени пациенти е 1.453, на починати е 116, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 445.

Досега во земјата се направени вкупно 25.841 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 169 тестирања се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Во однос на вкупниот број заболени воочен е технички превид при евиденција кај еден од тестираните во рамки на скринингот и согласно исправката направена е корекција на вкупната статистика. Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг, информира министерстовото за здравство.

Коментари

коментар(и)