Непречена испораката на огревно дрво

Околу 80 проценти од предвидената количина на огревно дрво  испорачала кумановската подружница на „Македонски шуми“ на граѓаните со коишто има склучено договор. Надлежните информираат дека испораката до физичките лица во трите кумановски општини се одвива непречено. Шумско стопанство годишно испорачува околу 50.000 метри кубни дрва.

-Останаа уште  20 проценти , триста метри просторни кои ќе се испорачаат наредните денови што зависи од временските услови, три недели не можеме да влеземе во планина поради дожд и кал, изјави Ваит Саити, раководител на ЈП „Македонски шуми“ – Куманово

 Подружницата е подготвена да обезбеди огревно дрво  и за училиштата во Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Што се однесува до кражбите на дрва, надлежните информираат дека годинава се намалени за околу 70 проценти во однос на претходната година, како резултат на координираната активност на МВР, шумочуварите и останатите служби коишто  соработуваат меѓусебе  за заштита на шумите.

Екипите на шумско стопанство интензивно два пати неделно ги пошумуваат  површините со различни зимзелени и листопадни садници на подрачјето на општините Куманово,Липково и Старо Нагоричане. Досега, соопшти на денешната прес конференција ,раководителот на подрачната единица,Ваит Саити од први октомври пошумени се приближно двесет хектари,а се очекува до крајот на годината да се пошумат околу 300 хектари.

-Садниците ги бираат нашите стручни инжинери, чемпрес,бор,согласно висината која се пошумува.На овој начин се обновува нашето богатство-шумите, изјави  Саити.

Од 2010 досега,соопшти Саити  пошумена е површина од околу 2.500 хектари.

Коментари

коментар(и)