Низа акивности на атлетичарите

Низа учества на домашни и меѓународни натпревари во изминатиот период имаа атлетичарите на Куманово преку кои го зголемија фондот на освоени медали и награди.

Од почетокот на годината започнаа нивните активности и тоа во соседна Бугарија каде имаа подготовки, а Милан Вељковиќ заедно со репрезентацијата го продолжи својот престој во Софија на дополнителни тренинзи и натпревари. Голем дел од членовите на Атлетски клуб Куманово остварија и учество во националнаа репрезентација.

– Нашите атлетичари изборија учество во репрезентација, најдобриот младинец во сите дисциплини беше Милан Вељковиќ и избори учество заедно со Иван Тимчевски за Балканското првенство за младинци што се одржа во Софија каде настапија како двајца единствени машки претставници, а Катерина Тимчевска избори учество во сениорска репрезентација која настапи во најскратен можен состав, односно две женски, најдобриот резултат го имше нашата членка Катерина Тимчевска која настапи таму на дисциплината од 400 метри и постигна личен рекорд истрчан во сала, изјави Филип Колевски, тренер на АК Куманово.

Најнаградуваниот клуб во државата од сферата на атлетиката имаше учество и на неколку крос трки во Скопје, но и Зимско атлетско првенство во фрлачки дисциплини, каде Марјан Нојковски освои прво место во фрлање ѓуле. Нојковски, заедно со Милан Вељковиќ и Катерина Тимчевска учествуваа и на подготовките на репрезентацијата на отворено кои се одржаа во Охрид по што следуваа и низа други настапи.

– Настапивме на првенство во скоаки дисцлини во Скопје и штафетно првенство каде имавме еден куп медали, над 10 медали во скокач дисциплини, 7-8 први места и штафетата четири по 200 метри во женска конкуренција освоивме прво место, а освоивме и две сребрени медали во штафети на 100, 200, 300 и 400 метри машка и женска и последниот викенд во Охрид се одржа Меѓународен атлетски митинг, Меморијален митинг „проф. Влатко Димитров“ каде имаме освоено исто така први места, Марјан Нојковски фрлање ѓуле, Матеја Ефремовска во фрлање диск, Милан Вељковиќ бронзена медала на 100 метри, Катерина Тимчевска златен медал на 400 метри и сребрена и рнзена медала скок во височина од Никола Стојановиќ и Никола Зарковски, додаде тренерот Колевски.

Матеја Ефромоска на зимското првенство ја одбрани титулата во фрлање диск, а деновиве тренира и со копје.

– Сега започна и новата сезона со Меѓунарониот митин име на починатиот тренер Влатко Димитров на кој ми беше уште поголема чест да се претставам таму освоив прво место во фрлање диск. Низ целата година тренираме активно, никогаш немаме одмор. За мене следна цел е Меѓународниот натпревар во Бугарија кој ќе се одржи на 16 мај и таму ќе фрлам копје, изјави Ефремовска.

На Балкаското натпреварување во Бугарија Иван Тимчевски заврши на 7мата позиција, а само неколку секунди го делеа од нешто подобар пласман.

– Натпреварот беше добар, имаше силна конкуренција од сите балкански држави, потоа резултатот ми беше доста добар и покрај тоа што беше почеток на сезоната. Сега по долги тренинзи планирам некои европски норми да исполнам и покрај тоа што минтата недела не бев нешто најдобар, но такви работи се случуваат во спортот. По мачните тренизи цела зима и овој пролет започна сезоната и имаме натпревари скоро секоја недела. Можам да ви најавам некој добар резултат, изјави Тимчевски.

Еден од најдбрите атлетичари во кумановскиот клуб сигурно е Милан Вељковиќ кој исто така настапи Балканското првенство до 19 години во Софија и беше најдобриот натпреварувач од Македонија.

– Таму настапив на дисциплините 60 метри и 60 метри со пречки каде бев најдобар во Македонија, од сите натпреварувачи од Македија. Сега на атлетскиот митинг од отварање на летната сезона настапив во дисциплината од 100 метри каде го подобрив својот личен резултат за 20 стотинки и истрчав 11 секунди и 32 стотинки, изјави Вељковиќ.

Утре ќе се одржи и традиционалната Гимназијада на која ќе настапи Вељковиќ, а потоа го очекува настап и на Светското првнство до 19 години.

Како што додадоа од клуб приротитет и од формирањето на самиот клуб беше да се направат успешни поединци и понатаму ќе се тренира за репрезентативните настапи. Сите кои сакаат да им се приклучат можат да бидат дел од најмалата група и да го контактираат клубот преу социјалните мрежи.

Коментари

коментар(и)