Низа активности на кумановската библиотека

Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“  со низа активности го одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право. Читателите добија на подорок книга и цвет. Заедно со здружението на пензионери Куманово се организираше и поетско читање на тема „Пишаниот збор ги зближува генерациите“. Одбележувањето на Меѓународниот ден на книгата и авторското право е иницирано од УНЕСКО во чест на двајцата великани на светската книжевност, Вилијам Шекспир и Мигел де Сервантес.

Оваа установа три пати годишно набавува книги од кои во два наврати белетристика и стручна литература, а еднаш годишно лектири за учениците. Кумановската библиотека располага со книжен фонд од околу 220.000 книги. Околу 5.000 кумановци се редовни корисници и членови на библиотеката кои редовно зајмуваат книга. Дневно на двата оддели за возрасни и деца минуваат околу 250 читатели. Најголем број од читателите се средношколци и студенти кои користат лектири и стручна литература, но значителен е процентот на кумановци од средната генерација кои зајмуваат белетристика, различни жанрови, љубовни, криминалистички, трилери, научна фантастика.

 

 

Коментари

коментар(и)