Николиќ: СДСМ се стреми за родова рамноправност

СДСМ е партија која се стреми за родова рамноправност, а води грижа и за повозрасните членови, истакна на денешната прес конференција, советничката Ивана Николиќ, давајќи осврт за 25-от конгрес која се одржа изминатиот викенд.

За прв пат во историјата на партијата, Форумот на жени на СДСМ и Социјалдемократската младина на Македонија се регулираат како трајни и статутарно предвидени форми на организирање. Претседателите на Форумот на жени и на СДММ ќе учествуваат во работата на извршните органи, со право на глас, на сите нивоа. Воедно, старосната граница во партијата ја израмнуваме со најпрогресивните европски стандарди-посочи таа.


Како една од важните одлуки донесена на конгресот е и тоа што претседателот на партијата ќе се избира на внатре партиски избори.

-Следната година, кога истекува мандатот на ова раководство, за прв пат во историјата на државата една политичка партија својот претседател ќе го избира на внатрепартиски, непосредни избори. Новиот претседател на СДСМ ќе биде избран на директни, фер, слободни партиски избори-нагласи советничката Николиќ.

За претседател на СДСМ ќе може да се кандидира секој член со најмалку 5 години работа во партијата и со поминат најмалку еден мандат како член на Централниот одбор со право на глас. Со ова се надеваат од СДСМ ќе ги поттикнат и другите политички партии да го следат ваквиот како што велат демократски, фер и слободен избор за претседател.

СДСМ секогаш се грижела за своите највозрасни членови кои дел од нив и ја оформиле партијата затоа со цел да ги мотивираме нашите највозрасни членови и давајќи им шанса да учествуваат во градење на мерки и политики за унапредување на животот на пензионерите, за прв пат се формира и Форум на пензионери каде нашите највозрасни членови ќе може да ги даваат своите идеи и предлози-истакна таа.

Конгресот на СДСМ поради пандемијата се одржа преку видео врска.

 

Коментари

коментар(и)