Нова фасада и покрив на училиштето „Кочо Рацин“ во Биљановце

Во тек е поставувањето на нова енергетско ефикасна фасада на објектот на кумановското подрачно основно училишта „Кочо Рацин“, во село Биљановце.

Паралалено се спроведуваат и градежни активности за реконструкција на покривот на училиштето.

Надлежните очекуваат значително да се подобрат условите за изведување на наставата.

За реконструкцијата општината одвои 1.436.124 денари од буџетот.

Во подрачното училиште настава следат дваесет ученици во една смена во две училници во комбинирани паралелки.  Објектот е изграден 1963-та година.

Коментари

коментар(и)