Нови мерки на Општинскиот кризен штаб

Општинскиот штаб за заштита и спасување на денешиот состанок во врска со превземање на активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 ги донесе следниве препораки, заклучоци и мерки:

– Општина Куманово преку Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, ќе изврши субвенционирање на социјално загрозени семејства на територија на Општина Куманово, (пакети со прехранбени производи, основни средства за лична хигиена…)

– Општина Куманово ќе побара од Владата на Република Северна Македонија две возила, кои ќе се користат за дезинфекција и перење на улици, а доколку не бидат обезбедени, оваа набавка ќе ја спроведе Општина Куманово.

 – Општина Куманово ќе побара од ЈП ,,Пазаришта,, Куманово затворање на пазар за стари работи, а исто така ги информираме граѓаните дека сточниот пазар е веќе затворен.

– Општина Куманово ќе постави средства за дезинфекција на јавно прометни места во градот (двата плоштади, кеј, базен, Соколана, верски објекти и на други јавно прометни места во градот). Јавните претпријатија ќе бидат задолжени оваа мерка сами да ја спроведат, односно да постават средства за дезинфекција на влезовите на претпријатијата.

– Тимовите кои вршат асистенција на болни и изнемоштени лица ќе бидат достапни во период од 08.00 до 14.00 часот.

– Се задолжуваат јавните претпријатија да обезбедат набавка на технички инструменти- безконтактни топломери и секојдневна контрола на вработените при отпочнување на работните задачи, како и на странките.  При извршена контрола доколку се утврди дека некој од вработените или странка има покачена температура,  да се испрати кај матичен лекар за превземање на понатамошни дејствија. Исто така да се контролираат вработените дали ги почитуваат мерките за седење дома на оние лица за кои е пропишана таа мерка.

– Потребно е да се направи дезинфекција на општинските згради.

– Јавното претпријатие ,,Чистота и Зеленило“ и ТППЕ Куманово да продолжат со дезинфекција на јавни површини.

– Секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово да продолжи со постапката за информирање на управителите на станбените објекти за дезинфекција на влезовите, заедничките простории, лифтовите на сите станбени згради.

-Според претставникот на Центарот за јавно здравје постапката за дезинфекција на објектите на основните и средните училишта е завршена, стои во интегралното соопштение од Општина Куманово .

Коментари

коментар(и)