Нови три медали на кик-боксерите

Кик-бокс клубот Куманово 2006 се врати со три медали од Меѓународниот турнир во Сараево кој се одржа изминатиот викенд. Станува збор за еден сребрен и два бронзени медали. Со сребро се закити Александар Стоилковиќ кој се натпреваруваше во јуниорска конкуренција во категоријата -89 килограми во дисциплината кик лајт. Со победа во полуфиналето убедливо против Џенан Хибеш, додека во финалето се сретна со Адмир Окчиќ каде во рамноправна борба, за малку беше испуштен златниот медал.

Лука Велковски освои бронзен медал во јуниорска конкуренција, односно категорија до 94 килограми во дисциплината кик-лајт. Поуспешен од него во полуфиналето беше Марко Лежаиќ. Марко Никовски кој се бореше во сениорска конкуренција освои бронзен медал во категоријата до 89 килограми, исто така во дисциплината кик-лајт. Тој во финале беше поразен од Иван Бабачо.

Тренерот Сашо Илиевски истакна дека е задоволен од резултатите и од прикажаните борби и продолжуваат со тренинзите и успех и во иднина.  На турнирот учествуваа околу 400 натпреварувачи од Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора.

Коментари

коментар(и)