Ново детско игралиште и кошаркарски терен

Инфраструктурни зафати и промоција на туризмот се дел од проектите за кои Центарот за развој на североисточен плански регион за петте општини, Куманово, Старо Нагричане, Ранковце, Крива Паланка и Липково, обезбеди околу 500.000 евра. Проектите се од програмите за рурален развој кои ги доделува Бирото за рамномерен регионален развој и Министерството за локална самоуправа.  Во Куманово, како што информираше раководителот на СИПР, Младен Протиќ, средствата ќе се наменат за доуредување на Паркот на пријателство, кој се наоѓа кај двата градски базени, поставување на фонтани и друга неопходна опрема, но ќе се инвестира и на две други локации.

-Ќе се направи детско игралиште околу 600 метри и кошаркарски терен за уличен баскет. Другите општини кои ги опфативме со оваа апликација за развој на туризмот е изградба на шетaлиште во Старо Нагоричане, односно маала Ѓорговци во Младо Нагоричане, должина 760 метри, таму ќе се постави урбана опрема и мало детско игралиште. Другите општини изразија желба да изградат по дел од  патиштата кои водат до туристичките дестинации во Ранковце се интервенира на локалниот патен правец за село Опила. Во Крива Паланка кон две дестинации, село Трново и Конопница, со тоа што Крива Паланка поради поголемиот проект имаше и сопствено учество во оваа апликација и за општина Кратово главната улица која се вика Св Ѓорѓи Кратовски на влезот на општината комплетно ќе се реновира-нагласи Протиќ.

Општина Липково аплицирала за фекална канализација во село Матејче. ОД Североисточниот плански регион се надеваат дека проектите ќе се реализираат до крајот на март.

 

 

Коментари

коментар(и)