Ново раководство на НСДП, Зоран Маневски потпретседател

На првата конститутитивна седница на централниот одбор, Нова социјалдемократска партија го избра новото раководство.  Мики Милковски од Ранковце е назначен за нов генерален секретар на партијата. Избрани се и четири потпретседатели, меѓу кои е и Зоран Маневски од Куманово. За потпретседатели на партијата назначени се и Соња Мираковска, Јулијана Цековска и Драги Крстев.

На Централниот одбор беа избрани и организационен секретар и секретар за меѓународна соработка.

Беше избран и Извршен одбор со 23 члена од кои 8 по функција и 15 члена од сите изборни региони и други организациони форми на НСДП.

Коментари

коментар(и)