Во просториите на Националниот ромски центар денеска се одржа хуманитарна акција намената за бебиња. Акцијата е по повод празникот Рамазан Бајрам, а се организира во соработка со Банката за храна од Скопје, Федерацијата за борба против сиромаштијата и неколку компании.
-Еден од начините за борба против сиромаштијата и гладта е и овој еден оброк, тоа е првата акција што НРЦ ја спроведува, почнуваме со најмалите деца имаме донација која е за бебиња до 18 месеци. Се состои од млека во прав, кашички и дополнителна бебешка храна која се надеваме дека ќе е доволна за бебе. Вкупната вредност е над 3000 денари кога би требало да ја набави семејството. Солидна помош им благодарам на сите кои помогнаа и бебињата да бидат среќни со своите семејства. Ние ќе имаме и 30 пакетчиња кои ќе ги донираме на децата од детското одделние при Општа Болница Куманово, бидејќи соработуваме со нив на полето на здравсто и тоа ќе ни биде голема чест да ја развиеме таа хумана димензија-истакна Ашмет Елезовски, претседател НРЦ.