НСДП: Доста е од криминал и корупција

Нова социјалдемократска партија денеска ги повика кумановци сплотено и масовно во недела во 18 часот да  присуствуваат на митингот на коалицијата предводена од СДСМ, кој ќе се одржи пред владата на Република Македонија, за да и порачаат на власта дека нивното време е завршено.

-Ни претстојат избори кои се многу поразлични од сите досега одржани во независна Македонија. Oва се историски избори на кои треба да одлучиме во каква Македонија сакаме да живееме. Ова се избори на кои треба да кажеме доста на овој ненароден режим предводен од Груевски и фамилијата. Доста за криминалот и корупцијата доста за селективна правда сваровско судство, доста е со уцени закани и поткуп уплашени и осиромашени луѓе. Доста е со иселување на младите кои ен гледаат перспектива во ваква држава. Почитувани сограѓани НСДП како коалиционен партнер во победничката коалиција предводена од СДСМ вложува максимален напор со цел да се сруши овој тоталитарен режим. Застанавме зад заедничката програма. Имаме план за живот во Македонија. Имаме план кој ќе ја врати вербата и достоинството на народот.  Ние како општинска организација на НСДП во Куманово со наше максимално залагање и посветеност сакаме да допреме до секој граѓанин на Куманово да покажеме и да ве увериме дека има надеж и иднина во оваа држава-изјави Свето Петрушевски, претседател на НСДП.

 

Коментари

коментар(и)