Обезбедени се потребните количини гас за три месеци

Јавното претпријатие Куманово гас ги известува потрошувачите дека се обезбедени потребните количини за февруари, март и април.  По два паднати тендери во законски предвидени рамки и постапки, потпишан е договор со снабдувачот на природен гас „Макпетрол ПРОМ-ГАС Скопје“ за трите месеци, со што е обезбедена потребната количина на гас за наведените месеци. Воедно е надминат проблемот со барањето на снабдувачот за зголемување на депозит и постигнат е договор за понизок депозит, со што се ослободени средства, кои можат да се наменат за изградба и доградба на инфраструктурата за гасификација на Куманово. Известуваат и дека минатата недела, писмено се обратиле до претседателот на Владата, секретарот и министерот за економија, со соодветно образложение на проблемите, настанати од зголемената цена на природниот гас за јавните претпријатија и за крајните корисници, односно за граѓаните и воедно побарале да имаат слух и да излезат во пресрет со соодветно субвенционирање во однос на зголемената цена на посочениот енергенс-се вели во соопштението од ова претпријатие.

Коментари

коментар(и)