Обид за физички напад врз Максим Димитриевски

Две лица се обиделе физички да го нападнат независниот кандидат за градоначалник на Куманово Максим Димитриевски додека имал средба со граѓани во селото Долно Којнаре. Согласно извештајот на полицијата, завчера во 21 и 30 часот, во СВР Куманово, Димитриевски пријавил дека кај спортското игралиште  две лица Д. „Н“ и З.П го навредувале и му се заканувале, по што се обиделе и физички да го нападнат, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од полицијата дополнуваат се работи на расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)