Обука за лица со попреченост и нивните семејства

Лица со различен вид на попреченост и нивните родители денеска присуствуваа на обука за медиумска писменост, што ја спроведува здружението на промоција и развоја на инклузивно општество Инклузива од Куманово, во рамки на проектот Инклузија преку медиумите.  Пред присутните зборуваше новинарот Зоран Иванов, кој потенцираше дека овие лица мора да бидат вклучени во медиумите и заедно со нив да ги остварат своите права.

-Една од темите за кои разговараме е како да ги отворат повеќе вратите за медиумите, за да се слушнат нивните животни судбини и да се изврши на некој начин притисок до јавноста, политиката, институциите да ги регулираат состојбите во општеството за да им го олеснат животот на тие луѓе и нивните семејства. И денеска и покрај многу прописи и закони се жалат на нивно непочитување непристапност до училиштата, немање рампи, кратење на социјална помош без потреба само заради некој мал хонорар, тоа се темите кои ние низ овој начин, пристап и обука сакаме да им пратиме порака дека заедно со медиумите можат да направат повеќе-изјави Иванов.

Родителите истакнаа дека ваквите обуки се од големо знаечење за нив.

-По сите вакви средби малку се буди и кај нас свеста колку ние колективно и индивидуално преку медиумите да делуваме за да на некој начин јавноста ги согледа нашите проблеми, потреби кои што ги имаме во општеството и се она што едно семејство кога има лице со попреченост има исти потреби барања како што имаат и нормалните луѓе во ова општество-посочи  Анита Цветковска, родител на дете со попреченост.

Учесниците од обуките ќе учествуваат и во серијалот Инклузија кој веќе започна да се емитува на телевизија Плус. Емисиите опфаќаат различни теми, односно загарантираните права на лицата со попреченост, поточно социјалната и здравствената заштита, образованието, вработувањето и дискриминацијата.

-На целиот проект целта е да се зголеми видливоста на лицата со попреченост во локалната заедница односно сами да ги кажуваат проблемите со кои што се соочуваат, предизвиците но и нивните можности за да бидат видливи да се решаваат побрзо, бидејќи сами ако не зборуваат и не излезат во јавност, никој не сака ниту да ги слушне проблемите-истакна  Благица Димитровска, родител на лице со попреченост и претседател на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива од Куманово.

Обуката со лицата со попреченост и нивните родителите, ќе продолжи и утре. Инаку претходно во рамки на проектот беа обучувани новинари. Носител на проектот „Инклузија преку медиумите“ е здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива, а медиумски партнер е телевизија Плус.

.

Овој новинарски текст е изготвен со помош на грант доделен преку проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост”, што го спроведува Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „Нова Македонија“ со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на новинарски текст е единствена одговорност на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

 

Коментари

коментар(и)