Обука за медиумска писменост со средношколци од Куманово

Во рамки на проектот ,, Младинска медиумска писменост ’’ во период од 19.12.2018 до 21.12.2018 во Берово се одржа обука за средношколци, спроведена од Центарот за ромска заедница ,, Дром“- Куманово и телевизија ,, ТВ Плус “. Учесниците имаа можност преку теоретски дел и практични вежби да се запознаат со повеќе теми:

  • Основи на медиумска писменост
  • Лажни вести и пост-вистина опасни појави во дигиталната ера
  • Медиумите и политиката како причинители или производители на лажни вести
  • Нови медиуми – моќта и манипулацијата во време на Интернетот
  • Критичко размислување

Во текот на самите работилници беа постигнати и првите резултати на проектот, учесниците ги совладаа вештините на разбирање, анализа и препознавање на целта на медиумските содржини. Се потикна критичкото размислување кај учесниците и станаа разумни корисници и креатори на информации. Средношколците научија како се креираат кратки видеа, како да ја пренесат саканата порака преку креирање на сценарио и употреба на техники на продукција.Новите  стекнати вештини и знаења ќе ги искористат во понатамошните планирани активности на проектот, односно креирање на едукативни мултимедијални видеа кои ќе бидат емитувани на програмата на ,,ТВ Плус‘’, се  со цел пораките за важноста од медиумската писменост и критичкото размислување да допрат до поголем број на млади.

Инаку проектот ,,Младинска медиумска писменост“е дел од проектот„Со критичко мислење до граѓани со медумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк“ – Центар за европски стратегии. Проектот е финансиран од Европската Унија.

Коментари

коментар(и)