Објавен Конкурсот за упис во средните училишта за 2021/2022

Министерството за образование и наука денеска го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година, според кој слободни се 30.053 места во 913 паралелки, во вкупно 109 средни училишта.

Од вкупниот број слободни места,19.602 се во стручното образование и тоа во 604 паралалеки, 9.261 во гимназиското образование, во 274 паралелки и 1.190 места, во 35 паралелки, се за училиштата од уметничко образование, спортска академија, спортска гимназија и за математичко-информатичка гимназија.

Министерката за образование и наука Мила Царовска вчера изјави дека во фокусот е средното стручно образование и апелираше учениците да го изберат затоа што, како што рече, тоа е образование на сегашноста и на иднината. Инаку, МОН во февруари ја организираше кампањата „Учи паметно, работи стручно“ во општините низ земјава, во соработка со стопанските комори, локалните самоуправи и средните училишта, за да се утврди кои се потребните профили што треба да се отворат во одредено училиште или кои треба да се стават во мирување.

Коментари

коментар(и)