Објавен повик за „Кумановски ликовни уметници 2021“

Националната установа Музеј Куманово објави повик за учество на академските уметници од Куманово, за учество на традиционалната изложба „Кумановски ликовни уметници 2021“, која ќе се одржува и годинава во рамки на ноемвриските денови во градот.  Станува збор за ликовна манифестација која се реализира во континуитет и единствена од таков вид во градот на која се презентираат кумановските академски ликовни уметници. Уметниците треба да достават едно ликовно дело, по можност неизложувано, од најновата продукција, како и податоци за себе и наслов и димензии на делото.

Крајниот рок за пријавување за учество е 20-ти  октомври. Изложбата ќе биде отворена на 10-ти ноември, а ќе биде испечатен и каталог. Во текот на месец декември делата ќе бидат вратени на авторите.

Коментари

коментар(и)