Одбележана годишнината од НАТО нападот врз СРЈ

Пред 17 години, на 24 март 1999 година, авионите на НАТО почнаа да ја бомбардираат тогашна Сојузна Република Југославија, а во воздушните  напади кои траеја 78 денови, животот го загубија 2.500 граѓани, а околу 5.000 беа повредени. Српската заедница во Македонија,  членови и симпатизери на Демократската партија на србите во Македонија и останати граѓани утрово симболично со палење на свеќи  и едноминутен молк  во црквата „Света Троица“ оддадоа почит на жртвите од воздушните напади. За тогашните случувања пред присутните говореа Горан Зафировиќ од Српската заедница во Македонија и Светлана Младеновска, професорка по историја.

Нападот врз СРЈ е започнат  без одобрување на Советот за безбедност на ОН, а како причина НАТО ја наведе хуманитарната катастрофа во Косово и неуспехот на преговорите за идниот статус на покраината кои беа водени во Рамбује и Париз.

– Првичните цели на НАТО  алијансата беше бомбардирање на воени објекти на радарски системи на касарни на војската на тогашна СРЈ за да понатаму премине во бомбардирање на цивилни објекти ,на болници, патишта, на железнички пруги и слично. Значи направена е огромна материојална штета, -изјави Рече Горан Зафировиќ од  Српска заедница во Македонија

Воената интервенција официјално заврши на 11 јуни 1999 година кога беше потпишан  кумановскиот договор,  односно Воено -техничката спогодба меѓу Меѓународните безбедносни сили (КФОР) и  Владата на Сојузна Република Југославија во Куманово на 9 јуни 1999-та година.

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)