Одбележана годишнина од постоење на ЛДП

21 година на македонската политичка сцена- Либерално Демократска партија. Општинската организација на ЛДП од Куманово вчеравечер со пригоден коктел ја прослави годишнината од своето постоење. Изминативе денови ЛДП традиционално организираше повеќе активности, а одбележувањето ќе заврши со крводарителска акција.

– Четвртата активност ќе биде во петокот во Завод за трансфузиологија при Општа болница Куманово ќе организираме  крводарителска акција од 10 до  13 часот, изјави Ивица Костовски, претседател на ОО на ЛДП, Куманово

На синоќешното одбележување на годишнината на ЛДП  пред присутните челнови и симпатизери од Куманово се обрати потпретседателот на ЛДП на РМ, Игор Вељановски.

-Општинската организација  на ЛДП од Куманово е една  од стожерите на ЛДП. Пред нас се убави денови, сите сте сведоци дека Македонија деновиве се врати на патот кон иднината, на патот кон  Европа, а сето тоа не може да се замисли без ЛДП, изјави Игор Вељановски, потпретседател на ЛДП

ЛДП не само што успеа да го задржи своето членство , туку  привлече и нови истакна Костовски, потенцирајќи дека и понатаму ќе работат  на зацврстување на партијата, со формирање на нови месни одбори и со омасовување на членството.

ЛДП  е во 1997 година од Либерална партија предводена од Стојан Андов и Демократска партија на чело со Петар Гошев. Во истиот ден за претседател на ЛДП  е избран Гошев. Оттогаш 21 година  ЛДП успешно плови во бурните  политички води во РМ, потенцира претседателот на општинската организација Ивица Костовски.

Коментари

коментар(и)