Одбележана „Недела на детето“ во „Кочо Рацин“

Со игра и песна учениците од основното училиште Кочо Рацин, утринава го прославија приемот на првачињата во детската организација, но и ја  одбележаа „Неделата на детето“, која трае од 5-ти до 11-ти октомври. Инаку во оваа учебна година во Кочо Рацин се запишани околу 150 првачиња.

-Само што заврши заклетвата на првачиња денеска се сите радосни и родители, првачињата, наставниците. Прием на децата во Детска организација еден момент во животот кој вечно се помни, секоја година традицијално го одбележуваме, весело со радост-наведе директорката Лидија Пешевска.

Во приредбата која се одржува под мотото Сите заедно за подобро утре, учествуваа ученици од второ до деветто одделение. Тие изразија задоволство од настапот, а на првачињата им посакаа многу успех. На манифестацијата присуствуваа и децата од поголемата група од градинката „Ангел Шајче“.

Коментари

коментар(и)