Одбележани 36 години од смртта на Тито

Почитувачите на ликот и делото на Тито денеска положија свежо цвеќе пред бистата  на градскиот плоштад. На денешен ден пред 36 години почина  доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија Јосип Броз Тито, кој беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година.

-Немаме потреба да се срамиме и да не го почитуваме делото на другарот тито, њујоршки тајмс пишува дека тито  е еден од најголемите водачи на Балканот во неговото време , тоа го покажа и денот на неговиот погреб кога се собраа 180 земји од целиот свет со 220 делегации, тоа зборуваше за неговата величина, изјави Борко Стојановски, портпарол на ЗАПВАРС

– Зборуваме денеска за неговото  грандиозно дело, вооружениот дел на револуцијата кога со мала група на комунисти се одважи да му се спротивстави на најголемото зло на 20-от век фашизмот да во Југославија подигне востание за извојување на национална и социјална слобода, изјави Томислав Стојковски , член на ЗАПВАРС

Тито беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините вооружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година. „Тој даде еден голем белег на нашето детство, на младоста и воопшто на животот“ – рече денеска Олгица Димитријевска од комунистичката партија.

-Со голема почит кон придобивките од тоа време ние продолжуваме по неговиот пат и мислам дека титовото дело никогаш нема да биде поголемо од она што е денес а за неговото дело, храброст, неговите стратегии ќе пишува историјата, Изјави Олгица Димитријевска, КПМ

Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубљана. Погребан е на Дедиње во Белград во Куќата на цвеќето. Неговиот гроб на кој нема верски ниту комунистички симболи досега го посетиле над 20 милиони луѓе.

Коментари

коментар(и)