Одбележан Денот на Првиот механизиран пешадиски баталјон

Во касарната „Боро Менков“  Куманово, со воена свеченост, денеска припадниците од Првиот механизиран пешадиски баталјон  го одбележаа 26-ти февруари, Денот на единицата.

Во рамки на свеченоста, единиците продефилираа пред присутните претставници од АРМ, поранешните команданти на единицата, претставници од државна управа, јавните установи и служби, градоначалниците и претставниците на единиците на локалната самоуправа, бизнис секторот и граѓани.

Командантот на првиот механизиран пешадиски баталјон Стојанче Костов, пред присутните се осврна на историјата и формирањето на Третата македонска ударна бригада. Потсети дека бригадата е формирана во Жегљане на 26-ти февруари 1944 и на нејзините учества во НОБ,за што е одликувана со три ордени.

-Првото борбено крштевање бригадата го има на 29-ти февруари во реонот на село Сејац во борбата со Вардарскиот четнички корпус кој беше потполно разбиен. Третата бригада во содејство со Косовскиот баталјон постигна извонреден успех и во нападот на железничката станица Ристовац, нападот на Злетовските рудници и при ослободување на Кратово. За своите херојски дела бригадата е одликувана со Орден „Братство и единство“  и Орден „Народно ослободување“ , а за народни херои прогласи се 9 борци, од кои 3 жени, рече Стојанче Костов, командант на Првиот механизиран пешадиски батлјон

„Ние припадниците од Првата механизиран пешадиски баталјон сме горди што ги продолжуваме традициите на оваа славна бригада“, рече командантот Костов.

Во изминатата година баталјонот учествуваше на повеќе вежбовни активности во земјата и странство и покажа високо ниво на обученост и извежбаност  во извршување на борбените задачи во сите временски и теренски услови  и во согласност со стандардите во НАТО.

-Во наредниот период Првиот механизиран пешадсики баталјон  ќе продолжи со високопрофесионално извршување на дадената мисија. Во таа смисла ќе останеме посветени на одржување на веќе постигнатите стандарди. Во месеците јуни и јули, заедно со партнерите од САД ќе ја реализираме вежбата Одлучен удар 19, една од најголемите вежби која се организира и ќе се реализира на АП Криволак, рече Костов.

„Во периодот помеѓу двата празника , задачите ги извршувавте со голема посветеност и професионализам, за што користам прилика да ви оддадам признание“ , истакна во своето обраќање , командантот на Првата механизирана пешадиска бригада , бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.

-Во оваа прилика сакам да потсетам дека низ годините зад нас, генерациите припадници на АРМ кои беа во редовите на поранешната Прва механизирана пешадиска бригада и секако вие, кои денес сте во стројот на првиот механизиран пешадиски баталјон, сте заслужни за јакнењето на борбената готовност на вашата единица, но и за одржувањето на оперативната способност  и интероперабилноста, кои ги потврдивте со учеството на голем број меѓународни вежби, акко и во меѓународните мировни мисии, бигаден генерал рече Мирче Ѓоргоски, командант на Првата механизирана пешадиска бригада

Ѓоргоски рече дека претстои година со големи предизвици како што се имплемeнтацијата на Стратегискиот одбранбен преглед и трансформација на армијата според новата органзиациско- формациска структура , што подразбира интензивирање на реформите во одбраната. На крајот, Ѓоргоски порача да продолжат да го трасираат патотот на успехпт на единицата, со напорна работа , лидерство и беспрекорна дисциплина.

На денешната свеченост беа прочитани телеграми со честитки по повод денот на Денот на единицата, беа унапредени, пофалени и наградени припадници на единицата и беа доделени благодарници за остварените резултати во соработката и придонесот на планот на развивањето , осовременувањето  и јакнењето на АРМ и афримирањето на одбраната на Македонија.

На крајот следеше презентација  на дел од  вооружувањето, опремата и возилата со кои располага единицата.

Инаку, со одлука на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Ѓорѓе Иванов, 26-ти февруари е одреден за Ден на првиот механизиран пешадиски баталјон, како датум со кој се одбележува значаен историски настан.

Коментари

коментар(и)