(ФОТО) Одбележан Денот на превентивна работа на полицијата

Со делење на флаери, заштитни маски и ракавци отсекот за превенција при СВР Куманово го одбележа 9-ти декември, Денот на превентивната работа на полицијата. Во активноста се приклучија и ученици,  членови на училишната сообраќајна единица. Од полицијата повикуваат на безбедност, градење на доверба, поголема соработка и комуникација.

Ученици од основни училишта, членови на училишната сообраќајна единица, денеска заедно со полицијата, делеа флаери на возачи за безбедно движење во сообраќајот во зима. Тие им поделија и заштитни маски и ракавици, а за најмалите линијар со сообраќајни знаци. Активноста е повод 9-ти декември, Денот на превентивната работа на полицијата. Од отсекот за превенција во Куманово укажаа дека годинава актуелната состојба со пандемијата спречила целосно да се реализира годишната програма, но сепак полицијата заедно со останатите институции беше активна на терен.

-Средби со претседатели на месни заедници, разговор со граѓани буквално секаде да се слушнат проблеми, да се дадат укажувања, потсетувања и секогаш онаа порака дека заедно сме побезбедни, дека треба секогаш да имаме поголема соработка комуникација, градење на доверба едни со други, граѓани со полиција, со институции, за да бидеме безбедни, особено денеска оваа  година кога се работи за животот и здравјето на сите нас, повторно истата порака само заеднички со преземање на мерки, активности, почитување на протоколите кои што ги носи владата согласно мерките за заштита на население од заразни болести заедно со другите превентивни мерки да се заштитиме и да бидеме побезбеди-истакна Виолета Богдановска, Отсек за превенција СВР Куманово.

Од полицијата истакнаа дека било планирано да се засадат и неколку садници во знак на заштита на животна средина, меѓутоа временските услови денеска не дозволиле. Посочија и за истакнатата соработка со локалните институции, меѓу кои и со општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.

-Сакаме да ја истакнеме посебната соработка со Секторот за превенција при СВР Куманово, како општински совет за безбедност во сообраќајот во текот на целата година имаме прекрасна соработка со секторот за превенција сите проекти и манифестации согласно годишните програми за работа се реализираат беспрекорно и со динамика на работа која ја организираме на годишно ниво-нагласи – Бојан Петковски, секретар Општински совет за безбедноста во сообраќајот.

 

Денот на превенција на полицијата се одбележува од 2008 година.

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)