Одбележан Меѓународниот ден на борба против дрогата

Во просториите на општинската организација на Црвениот крст синоќа се одржа тркалезна маса по повод 26-ти јуни, Меѓународен ден за борба против злоупотреба на дрога и недозволиво користење на опојни средства. Настанот го организираше Меѓународното полициско здружение ИПА, регион Куманово. Присутните имаа можност да ги слушнат резултатите од спроведената анкета за опасностите од дрога.

-Благодарност до домаќинот ОО на Црвен крст, членовите и сите ученици од ИПА регион Куманово, средните училишта во кои спроведовме анонимни анкети, до Еуро колеџ, кои имаа свое предавање за штетноста на дрогата, градоначалникот, директорите на јавните установи и до сите други учесници, не застануваме овде продолжуваме со различни активности се во интерес на нашите млади, ученици и борбата против најголемото зло дрогата-истакна Горан Маневски, претседател ИПА Куманово.

-Се собравме по иницијатива на регион ИПА Куманово како дел од Меѓународното полициско здружение ИПА Македонија активности кои што трае скоро два месеци во текот на мај и крајот на јуни каде што на Меѓународниот ден за борба против дрогата ИПА Куманово заедно со Црвениот крст, локалната самоуправа организираше манифестација и пригоден семинар на таа тема. Семинарот организацијата помина во најдобар ред, за тоа се заслужни сите колеги кои го организираа овој настан. Ова е вистинскиот пат по кој чекориме, се гордееме и ќе продолжиме понатаму-посочи Робертино Ацевски претседател ИПА Македонија.

Инаку волонтерите на општинската организација на Црвениот крст изведоа показна вежба, а паралелно со тоа се одржа и хуманитарна акција наменета за социјално загрозени категории граѓани.

 

 

Коментари

коментар(и)