Одложен меморијалниот турнир „Мартин Симоновски – Матрикс“

-Сите знаеме дека сo години традиционално Локален клуб на СДММ Куманово, организира меморијален турнир во мал фудбал во чест на нашиот другар, брат, сопартиец Мартин Симоновски – Матрикс. Во име на одговорен Локален клуб на СДММ Куманово, Ве известуваме дека, за жал, оваа година поради светската пандемија со коронавирус, нема да се одржи Меморијалниот турнир во мал фудбал. Воедно, апелирам до сите граѓани да ги почитуваат здравствените мерки и препораки на Комисија за заразни болести, Владата и СЗО за да што поскоро ја надминеме оваа здравствена криза и во иднина повторно да функционираме во нормално темпо и пак да организираме Меморијален турнир во мал фудбал во чест на Мартин Симоновски – Матрикс, рече Игор Липковски, организационен секретар на СДММ Куманово

Коментари

коментар(и)