Одржана првата фокус група од проектот „Развој на општествена одговорност“

           

Развој на општествена одговорност е проектот на кој кумановската локална Телевизија „Плус“ ќе работи во следниот период, а денеска беше одржана и првата фокус група на која учествуваа претставници на медиумите и невладините организации во градот.

Како што посочи директорот на Телевизија „Плус“, Драган Ивановски, целите на проектот е да се воспостави двонасочен канал на информации помеѓу граѓаните и претставниците на локалната самоуправа.

–  Со завршувањето на изборите сметаме дека не е се заврѓено и дека тие информации можат да бидат многу подостапни за граѓаните доколку тие бараат односно доставуваат такви барања до локалната самоуправа и на тој начин доколку ги потенцираат проблемите со кои се соочуваат се надеваме дека полесно може да дојде до нивна реализација. Преку овој проект планираме да изготвиме извештај базиран на истражувања преку овие фокус групи и се планира изработка на спот во кој ќе се потенцираат можностите на граѓаните како да доаѓаат до информациите од локалната самоуправа и како да се потрудат своите проблеми да ги решат преку органите на локалнта самоуправа, изјави Ивановски.

 

 

Во завршниот дел од проектот ќе следуваат дебатни емисии кои ќе се емитуваат на програмата на Телевизијата „Плус“, а во кои проблемите на граѓаните ќе им бидат претставени на директорите на јавни претпријатија и сите носители на функции во Куманово од областа на локалната самопуправа, со надеж дека актуелизацијата на граѓанските проблеми ќе доведе и до нивно решавање.

Проектот го спроведува кумановската телевизија, а со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество Македонија.

Коментари

коментар(и)