Одржана третата фокус група од проектот „Развој на општествена одговорност“

 

Претставници од локалните институции денеска беа дел од третата и последна фокус група во рамките на проектот „ Развој на општествена одговорност“, кои освен што ги претставија ставовите на институциите во кои што работат, ги искажаа и своите лични ставови за проблемите со кои се соочуваат во работењето на локалната самоуправа.

„Развој на општествена одговорност“ е проектот на кој кумановската локална Телевизија „Плус“ активно работи оваа лето, а како што посочи директорот  Драган Ивановски, резултатите од првите две работилници дале добри насоки во поглед на тоа каде се недостатоците во градот и работата на локалната самоуправа.

– Веќе голем дел од проблемите се издвојуваат затоа што се повторуваат при секоја фокус група што значи дека полека доаѓаме до оние најважни проблеми кои ги засегаат граѓаните. Веднаш по завршување на оваа трета фокус група ќе бидат изградени и „полиси пејпер“ кој ќе даде добри насоки кои се најголемите проблеми на граѓаните во Куманово и потоа тие исти проблеми ќе ги преточиме пред надлежните и градоначалчникот и секако ќе инсистираме на одговори кој од тие проблеми може да се решат, а доколку не можат да се решат, сигурно дека  ќе бараме одговор зошто е тоа невозможно, изјави Ивановски. (00:49 – 1:29)

Во рамките на проектот кој кумановската телевизија го спроведува  со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество Македонија, ќе бидат емитувани и 16 емисии во кои ќе гостуваат претставници на локални и државни институции каде ќе бидат соочени со проблемите и идејните решенија на граѓаните.

На претходните две спроведени фокус групи учествуваа медиумите од градот и невладините организации, како и млади кумановци кои дадоа креативни идеи како градот да се направи поубаво место за живеење.

Коментари

коментар(и)