Од ВМРО-ДПМНЕ прашаа кога ќе се уреди влезот на градот

Влезот на Куманово е блокиран со месеци и граѓаните, фирмите и туристите мака мачат за влез и излез, посебно во попладневниот период кога фреквенцијата на возилата е зголемена, истакнаа денеска од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тие нагласија дека раскопаниот булевар од влезот на градот, па се до Ургентниот центар и градската болница ги става граѓаните во опасност, тротоарите се блокирани, премините не се обезбедени а дупките се отворени. Според нив особено  згрижувачки е што овој проблем се јавува околу клучните здравствени установи.

-Животот во Куманово и секојдневието на граѓаните тука од ден на ден станува се повеќе алармантно и комплицирано. Тоа се гледа во енормно загадување на воздухот, нечисти улици од снег во зимскиот период, депонии на сите страни. Денеска граѓаните се соочуваат со раскопани улици оставени така. Секојдневно граѓаните реагираат и имаат поплаки за оштетени возила, но сепак надлежните не реагираат-истакна Срѓан Ивановски портпароло на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.

Ивановски го праша градоначалникот кога ќе дојде животот во Куманвоо кој силно го ветуваше неговата партија, кога ќе излезе во јавност да се извини за оштетените возила, исцепени гуми и повредени граѓани.

-Кога мисли да даде отчет пред граѓаните, без да манипулира дека тоа е само празна книга? Господине Дамјановски, нормално дека е празна книгата кога немата што да напишете и да се пофалите со дела, од кои граѓаните ќе имаат корист? Граѓаните го гледаат вашето шерифско однесување со години, но му доаѓа крај.  Крај на вашето вечно владеење во Куманово и свесното уништување на смислата и културата на овој град-додаде тој.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираа дека доаѓаат локалните избори, народот следи и ќе пресуди.

 

 

Коментари

коментар(и)