Од полноќ поскапуваат бензините

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари по литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ, Екстра лесното масло за домаќинство и на Мазутот  не се менуваат и остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од минатата недела .

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,719 (денари/килограм)

Коментари

коментар(и)