Од следната недела ќе се исплати задоцнетото 5 процентно зголемување на платите на вработените во здравството

Од следната недела наеднаш ќе биде исплатено задоцнетото петпроцентно зголемување на платите за вработените во здравството, а од наредниот месец тоа ќе се исплаќа редовно пет месеци како додаток за работа со ковид, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

-Денеска се префрлија средствата за зголемување на платите на сите вработени во здравствениот сектор, не само на здравствените работници. Имаше проблем со трезорскиот систем во Фондот, кој што вчера е надминат и од понеделник ќе почнат исплатите за зголемувањето на платите. Тоа значи дека сите заостанати од изминатите месеци пет проценти зголемувања почнувајќи од март, ќе бидат следната недела исплатени наеднаш, а од следниот месец редовно пет месеци како додаток за работа со ковид на сите вработени во системот на јавно здравство, рече Филипче.

Коментари

коментар(и)