Од Соколана се обрати градоначалникот Димитриевски (ВИДЕО)

Соколана, но и спортската сала, стрелиштето, градскиот стадион – ова се објектите што во многу лоша состојба се вратени во сопственост на општината. Градоначалникот, Максим Димитриевски, се обрати на кумановци од Соколана, каде што ги објасни фазите на реконструкција на покривот и моменталниот статус на градежните дозволи за останатите објекти. Марјан Стошевски, еден од нашите сограѓани кој не го криеше својот ентузијазам за враќање на стариот сјај на Соколана, ги собра спортските легенди од градот и државата кои се потпишаа на топка што му ја подарија на нашиот градоначалник како знак на благодарност за вложениот труд околу реконструкцијата.

Коментари

коментар(и)