Од утре започнува со работа затворениот базен

Од утре повторно почнува со работа затворениот градски базен, соопштија надлежните. Информацијата ја објави и кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

-Ве очекуваме во топол, пријатен и освежен амбиент, објави Димитриевски.

Базенот беше затворен на 18 октомври, лани, поради високи сметки за електрична енергија и гас, како што објаснија тогаш од ЈП „Чистота и Зеленило“ кои во тој период менаџираа со базенот. Базенот не работеше ниту од почетокот на минатата година, поради високи сметки за електрична енергија и гас.

Коментари

коментар(и)