Од утре субвенции за вградување на плин во возилата

Сите граѓани кои од утре ќе вградат плински уред во возилата ќе може да аплицираат во Министерството за економија за поврат од 50 отсто на средства од вредноста на својата инвестиција. Повратот на средства не може да биде повисок од 300 евра, напоменуваат од ресорното министерство и додаваат дека за оваа мерка предвидени се 178 илјади евра, односно пари ќе има за околу 600 граѓани.

Огласот за аплицирање ќе трае 60 дена и ќе се оди по принципот прв дојден прв услужен. Лани средствата за оваа мерка беа пренаменети за поддршка на најпогодените граѓани и фирми од пандемијата. Во 2019- та година 731 граѓанин кои вградија плински или некаков друг еколошки уред во автомобилите добија субвенции од државата.

Коментари

коментар(и)