Околу 3.700 социјални случаи во Куманово

3.677 граѓани го остваруваат правото на социјална парична помош во Куманово. Воедно, според надлежните, ова е најбројното право кое што произлегува од  Законот за социјална заштита, кое изразено во бројка изнесува околу  2.400 денари, а е предвидено за лица кои се наоѓаат во социјален ризик и се материјално необезбедени. Бројката на корисниците на социјална парична помош последниве години речиси е иста. За разлика од ова право, постојана парична помош во износ од 3.500 денари примаат 595 граѓани.

Паричен надомест за помош и нега од друго лице е наменето за лица кои не се во состојба самите за себе да се грижат. Ова право го користат  повеќе од  1.800  кумановци.

-Тука имаме процедура која од минатата година беше изменета… изјави Живачки.

Другите права кои што произлегуваат од Законот за социјална заштита се еднократна парична помош , наменета за лица кои се наоѓаат во социјален ризик поради елементарни непогоди, подолготрајно лекување  лекување, а  износите се согласно основот по кој аплицираат граѓаните. Последниве години постои и додаток за мобилност и слепило кое го користат 390 лица.

Центарот за социјална работа нуди и услуги на граѓаните поврзани со Законот за семејство,  за малолетничка деликвенција и други. Во паричните права спаѓа и Законот за детска заштита каде што е предвидена парична помош за секое првороденче, родителски додаток за трето дете,  посебниот додаток кој го остваруваат родители на деца кои имаат одредена попреченост и детскиот додаток.

Постои и условен паричен надоместок за корисници на социјална парична помош кои во семејството имаат средношколец, и добиваат по 12.000 денари за основните потреби на ученикот. За одбележување е и правото на субвенционирање за потрошена електична енеригија и огревно дрво.

Коментари

коментар(и)