Оливер Андонов во посета на СВР Куманово

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов денеска беше во работна посета на СВР Куманово. Во отсуство на началникот на СВР Куманово, информациите за безбедносната состојба во кумановско  и сите останати активности на секторот за внатрешни работи Андонов ги доби од  заменик началникот  Моме Јакимовски.

– Убеден сум дека наводните денешни неодложни обврски на началникот на СВР Куманово поставен од привремениот министер Спасовски не беа толку неодложни да не биде тука за да се видиме и поразговараме за безбедносната состојба од интерес на граѓаните на РМ. Ова само покажува кои се тенденциите и со што се за жал ќе се сретнуваме во идниот период до формирањето на политичката владата во РМ, изјави Оливер Андонов, дополнителен заменик министер за внатрешни работи

Иако западнобалканската рута официјално е затворена сепак постојат илегални миграции  потврди  денеска  и Андонов.

-Поголемиот дел од активностите на полицијата со тоа вклучително и на СВР Куманово е насочена кон пронаоѓање на криумчарските групи. Имавме пред една недела една активност  во селото Лојане која успешно заврши. Благодарам на СВР Куманово и на граничната полиција за добрата активност . Не постои можност 100 процентно да ја спречиме илегалната миграција , но доколку дојде до поголем бран на организирано движење на мигрантите односно наплив од Северна Африка и од Блискиот исток полицијата и воопшто РМ се подготвени за еден таков предизвик.

Што се однесува до најавуваниот втор мигрантски бран од Северна Африка , Андонов смета дека државата како и досега и во иднина успешно ќе се справува со мигрантската криза.

Коментари

коментар(и)