Оливер Илиевски контра ставовите на Бране Петрушевски

„Кодот на ДПМНЕ не се менува, тие остануваат во матрица на лажење и манипулации“ рече на денешната прес-конференција секретарот на општинската организација на СДСМ Куманово, Оливер Илиевски коментирајќи ги ставовите на претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски изнесени во емисијата СТАВ, емитувана минатиот петок.

-Во мојот фејсбук статус , на кој се повикува, постои само хронологија на настани кои веќе се случиле, па така:

– Бране Петрушевски, на предлог на ДПМНЕ направивте измени во законот за кривична постапка во 2016 година со која си овозможивте да го изигрувате судскиот систем, за што целата македонска јавност е сведок.

Забеганоста на вашите криминалци кои беа функционери, отиде дотаму, па почнаа самите да си тепаат и да лежат по болници само да им застари делото или да им почне судкиот процес од почеток.

– Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ зборува дека јас сум сакал да се избрише ВМРО ДПМНЕ од Централен регистар и да го вратам еднопартискиот систем.

Бране, кој напишал 11.800 уплатници со лажни податоци­? Кој ги уплаќал парите вака?

Оливер Илиевски сигурно не е!    

230 сведоци, членови на ВМРО ДПМНЕ сведочеле дека не донирале, дека сте ги злоупотребиле нивните потписи.

Бране, кој го потпиша договорот со Бетон за изградба на Белата Палата?

– Оливер Илиевски да не го потпиша?

Не, Генералниот секретар на ДПМНЕ.

Договорот е противзаконски!

И сега, Оливер Илиевски е крив.  

Зошто? Затоа што јавно зборува ВМРО ДПМНЕ пере пари.

Не Бране, Оливер Илиевски не ви е крив, вашиот Претседател и Генерален секретар правеле криминал и тие ќе ви ја избришат партијата од Централен регистар, рече Оливер Илиевски, секретар на ОО на СДСМ Куманово

Во врска со просториите што ги користи СДСМ во зградата на поранешен комитет Илиевски рече дека доколку станувало збор за мега скандал, како што рекол Петрушевски, уште утре да ги пријави во Јавното обвинителство претседателите на сите други партии кои што стопанисуваат со простории во истата зграда, а на крај да го пријави и него. Секретарот на СДСМ Куманово се задржа и на изборите.

-Не и верувате на здравствената комисија?

Па зошто Мицкоски бараше мислење ако не и верувате? Или ако даде мислење по ваш терк, тогаш е во ред, ама ако даде мислење што не ви се допаѓа, нема да и веруваме на комисијата.

Дали ти и Мицкоски сте постручни?

Тоа значи дека не им верувате на здравствените работници кои се борат со пандемијата во првите редови. Е, за ваквото понижување спрема здравствените работници на следните избори ќе добиете едно големо 0 во гласови од нив.

Кажа дека ДИК се изјасниле не можат да ги организираат изборите.

Тоа е лага!!!

Тоа го кажа само Оливер Дерковски, кој впрочем е член на ВМРО ДПМНЕ, а деновиве слушнавме кога бил директор какви наредби примал за време на избори што да прави.

Инаку, ДИК се изјасни дека може да ги организира изборите.

За ОБСЕ и ОДИХР излажа дека барале првин протоколи за влез и излез од државата па тогаш ќе се изјаснеле.

Не, ОБСЕ и ОДИХР се изјаснија дека се спремни да пратат набљудувачи на изборите и нормално за истите бараат протоколи за влез.

Исто така, кажа дека сте добиле препорака за датум за избори од ВАШИ лекари, но сте добиле и препорака за датум на избори и од СЗО.

Па, еве те моли цела Македонска јавност да ја покажеш јавно таа препорака за датум на избори од Светска Здравствена Организација, во спротивно лажеш!!, рече Илиевски.

„Голема лага е дека Владата во справување со здравствената криза се однесувала ноншалантно од самиот почеток. Само еден човек во државава се однесуваше ноншалантно, а тоа е Христијан Мицкоски“, рече Илиевски.

-Имаше и прашање што Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Куманово направи за граѓаните за време на оваа здравствена криза???

Одговорот беше НИШТО!!!

И тоа е една голема лага!!!    Зошто???

ВМРО не ја пропушти шансата да ги лаже граѓаните, па така хуманитарните пакети донирани од Зоран Заев, Оливер Спасовски, компании од Куманово, компании надвор од Куманово, на кои сме им бескрајно благодарни, по наредба на ИК на ВМРО ДПМНЕ, нивните активисти и шефови на штабови на терен да ги следат луѓето што ги делат и да кажуваат дека тие пакети ги дели ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски! СРАМ !!!    ДНО!!! рече Илиевски.

Илиевски потенцираше дека нема да дозволи високи функционери и од власта и од опозицијата да седнат на иста маса со Петрушевски после изборите и да се договораат со него како пратеник за стратешките проекти на Куманово. Според Илиевски, ВМРО -ДПМНЕ за 11 години не реализирана ниту еден проект во Куманово, а наспроти тоа земени се 2 милијарди евра од граѓаните во вид на даноци.   

„Бране Петрушевски зборува дека направил тим кој бил чесен и не потклекнал на криминал, а неговиот потпретседател има шест кривични пријави за финансиски криминал односно кражба и една кривична пријава за физички напад на полицаец“ , потенцираше Илиевски.

Тој смета дека ВМРО ДПМНЕ се игра со здравјето на граѓаните и досега партијата ги менувала ставовите од ден за ден по дневно политиканство, а не сака да оди на избори.  

Коментари

коментар(и)