Општината со пакетчиња за децата без родители

Општина Куманово денеска израдува дваесетина деца без родители и родителска грижа, сместени во згрижувачки семејства, како и деца под старателство на своите блиски роднини. Градоначалникот Максим Димитриевски во придружба на Дедо Мраз им подари новогодишни пакетчиња, а потоа децата имаа можност и да се фотографираат.

-Да ви посакаме претстојни убави празници и среќна Нова година. Да уживате, да се радувате во вашите семејства и да ги искористите моментите за убави нешта. Општина Куманово и оваа година традиционално го одбележува овој ден со вас, бидејќи сметаме дека сте една од најхуманите групи во нашата заедница. Ја користам оваа прилика да ви се заблагодарам и лично на сите вас за сето она што го правите за нашиот град, штитениците и да не ги изоставам и претставниците од Министерството за труд и социјална политика, бидејќи секако без нив не може ни да се имплементира овој проект.

Ваквата традиција Општина Куманово  ја негува неколку години наназад.

Коментари

коментар(и)