Општината со пријава за поранешно вработено лице

Општина Куманово поднесе кривична пријава против поранешно вработено лице во Општината со иницијали В.Б. за злоупотреба на службена должност, по член 353 од Кривичниот Законик, информира во соопштението испратено до медиумите општината.

Посоченото лице се сомничи дека ја оштетило општина Куманово на начин што од работната позиција, која што ја вршело во постапка за легализација по предметниот имот се откажало од корисничк о право за земјиште на кое бил построен објект, кој требал да биде легализиран на име на општина Куманово, а со крајна цел да овозможи на трето лице да се стекне со имотна корист, така што ќе го легализира објектот на сопствено име. Со ова лицето В.Б. ги пречекорило своите законски овластувања и ја оштетило Општината за износ од 2.152.192 денари, притоа со наведеното постапување се јавува како оштетена страна и Здружението за слепи лица од Куманово, кому општина Куманово го дала на употреба објектот за свои потреби. Од страна на Општината незаконското решение е поништено.

ИНТЕГРАЛНО СООПШТЕНИЕ ОПШТИНА КУМАНОВО

Коментари

коментар(и)