Општина Куманово објави два огласи

Општина Куманово објави два одделни огласи за реконструкција на водоводната мрежа во Куманово и за изградба на дел од фекална канализација во приградска населба. Отворањето на понудите за двете јавни набавки е закажано за утре, стои во објавите на електронскиот систем за јавни набавки.

Според објавата, за реконструкција на водоводната мрежа на улица „Егејска Македонија” од општинскиот буџет е планирано да се одвојат 849.000 без вклучен ДДВ. Фирмите треба да достават соодветна документација, да приложат лиценца, да имаат обезбедено соодветен кадар и механизација.

За втората јавна набавка, изградба на дел од фекална канализација во месноста „Мајорово трло”, Општина Куманово планира да одвои 1.101.000 денари без вклучен ДДВ. Заинтересираните економски оператори треба да достават со својата понуда и документ за регистрирана дејност -лиценца „Б” од Министерството за транспорт и врски.

Коментари

коментар(и)